ВИДЕО: Претреси на 16 локации во Прилеп, вчера приведени 6 лица – одземена дрога, вмешани и полициски службеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп биле спроведени низа оперативни акции при што приведени се 6 лица, а од почетокот на акцијата во септември минатата година, до денес вкупно приведени се 16 лица.

Вчера извршени се претреси на 16 локации во Прилеп, при што пронајдена е дрога, пари кои потекнувале од продажба на дрога, мобилни телефони, возила и други предмети поврзани со истрагата.

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти Ангеловски.

Сите лица ќе бидат предадени на јавното обвинителство, а подоцна изнесени и пред судија на претходна постапка.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски информираше дека имаат докази за вмешани полициски службеници во овие криминални групи и во иднина и за нив ќе бидат покренати пријави.