ВИДЕО: Протест пред Собранието – се бара ослободување на уставобранителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група граѓани и денеска излегоа на протест пред Собранието на Македонија.

Тие преку слоганите „Македонија се буди, за насилството ќе ви суди“, „СЛОБОДА“ и „ПРАВДА“ повторно побараа ослободување за, како што велат, уставобранителите од настаните на 27 април 2017 година.

Претходно, голем протест се одржа и во неделата каде учесниците на протестот насловен како „Слобода на уставобранителите“ се движеа од пред Владата до Собранието, и побараа да се поништи судењето со кое беа осудени учесниците во упадот на Собранието на 27 април 2017 година и да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

За настаните во Собранието на 27 април 2017 година вкупно за 16 осудени беа доделени 188 години затвор.Оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот кој доби ослободителна пресуда во големиот судски процес за насилствата од 27 април.