Припадниците на полицијата денес со „жив ѕид“ ги раздвоија двете групи на граѓани кои пред платото на српскиот парламент излегоа на улица со цел да дадат поддршка на, од едната страна пратениците од политичката партија СНС и од другата страна за лидерот на Двери, Бошко Орадовиќ кој од вчера започна штрајк со глад на скалите пред Парламентот.
Околу стотици приврзаници на СНС се собраа пред платото на Собранието на Србија, извикувајќи „Ацо Србин“, „Бошко фашист“, „крадци на Бошко“.
До нив, одделени од полицискиот „жив ѕид“, се наоѓа мала група граѓани кои дојдоа да го поддржат Бошко Обрадовиќ.
Сообраќајот во овој дел од градот е во прекин.
