ВИДЕО: Ракувањето меѓу Џонсон и премиерката на Нов Зеланд хит на мрежите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон се сретна со премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, а нивната средба и ракување предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи.

Ардерн моментално е во Велика Британија на нејзиното прво патување во земјата од пред почетокот на пандемијата на коронавирус. Таа им рече на новинарите дека нејзината посета значи дека Нов Зеланд повторно е „отворен за бизнис, трговија и туризам“.

Ардерн се сретна со премиерот Џонсон во Даунинг стрит каде што се ракуваа за да се фотографираат. Многумина забележаа дека Џонсон многу силно ѝ подаде рака.

Видеото е објавено на Твитер со натпис „Џасинда Ардерн за малку ќе ја изгубила десната рака на прагот надвор од вратата број десет“.

„Драга Џасинда, те молам изброј ги прстите“, гласеше еден од твитовите.