ВИДЕО: Развиорено македонското знаме – Славевски ќе се бори за светска титула!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонецот Горјан Гого Славески продолжува со фантастичните настапи во бокс со голи раце, откако ноќеска дојде и до петтата победа по ред во БКФЦ серијата совладувајќи го со нокаут Кубанецот Јосденис Чедено.

Станува збор за борба која беше елиминаторска со што победникот доби шанса да се бори за титулата во валтер категорија, а тоа значи дека шестиот дуел за Славевски ќе биде борба за престижниот појас.

„Македонски народе, одиме по светска титула“, извикуваше Гого на македонски јазик по големата победа.