ВИДЕО: Силен земјотрес во Турција и Грција – неколку згради пред рушење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со интензитет од скоро 7 степени според Рихтер беше регистриран во Егејското море, а почувствуван бил на грчките острови и на дел од Турција.

Епицентарот на потресот бил 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција.

Засега нема информации за повредени граѓани или жртви, но ББЦ пренесува дека во Измир настрадале неколку згради.