По одземањето на возила поради возење без возачки дозволи, дел од граѓаните јавно реагираат, изразувајќи незадоволство од, како што велат, селективната примена на законите.
„Ова ли е правдата во Македонија. Децата ни возат по шишиња, по старо Железо, а полицијата бара возачки дозволи. Ова никаде го нема, само тука ги има“, реагираат граѓаните, посочувајќи дека контролите не се еднакви за сите.
Тие наведуваат дека сиромаштијата ги принудува да управуваат возила без возачка дозвола, и бараат да се вратат „старите правила“ или, како што велат, истите услови што важеле и досега.
„Ако не, тогаш државата нека ни помогне. Нека ни овозможи полесно да извадиме возачка дозвола. Ќе си платиме, но немаме школи, немаме услови“, велат тие, предлагајќи пофлексибилен и подостапен систем за полагање.
Граѓаните сметаат дека треба да постои практична проверка на знаењето и вештините, со строги санкции за оние што ќе возат небезбедно, наместо, како што тврдат, репресивен пристап кој дополнително ги погодува најсиромашните.
