Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ, човек кој не ги познаваше границите и чии песни се чувствуваа исто во Белград, Загреб, Сараево, Љубjана и Скопје…
Колку беше важен српскиот кантавтор, сведочат и стотиците граѓани кои вечерва се собраа пред платото на „неговата“ Универзалната сала со цел да му оддадат последна почит.

На настанот насловен „Скопје за Балашевиќ“ на голем видео бим се редаа фотографии на Балашевиќ, додека во исто време во позадина се слушаа неговите најголеми хитови.

Балашевиќ зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.

Легендарниот српски пејач Балашевиќ почина вчера на 67 годишна возраст.

Настанот пред Универзалната сала е организиран од Град Скопје.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов својот профил на Фејсбук објави дека на последната средба со Балашевиќ договарале тој да настапи при повторното отворање на Универзалната сала.
