Утрово густа магла го обви главниот град, а граѓаните немаат прилика да „избегаат“ на Водно бидејќи жичарата не работи.
Од ЈСП информираат дека жичарницата на Водно не работи поради силен ветер.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од таму.
