ВИДЕО Срушен светски рекорд, славниот Јапонец прескокна 291 метар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јапонецот Риоџу Кобајаши, познат ски скокач, го собори светскиот рекорд на импровизирана скокалница во Исланд.

Кобајаши прескокна дури 291 метар на специјално изградена скокалница во ски центарот „Хлидарфјал“.

Јапонецот два дена се обидуваше во соработка со Ред Бул да го собори овој рекорд, но на стартот немаше успех.

При пробните летови имал резултати од 256, 259 и 282 метри, а во последниот скок прелетал 291 метар.

Тоа е за 37,5 метри повеќе од рекордот што го постави Штефан Крафт во натпреварувањето во Светскиот куп.

Долго време сонував за овој скок, отсекогаш сакав да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по историскиот скок.

Кобајаши три пати ја освои Новогодишната турнеја, а има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година.