ВИДЕО Страшна несреќа во САД: Авион се урна врз фабрика и експлодираше, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, а 18 се повредени кога мал авион удрил во покривот на фабрика за мебел во Јужна Калифорнија во САД.

Авионот се урнал помалку од две минути по полетувањето од општинскиот аеродром Фулертон во округот Оринџ. На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се навалува на едната страна додека се приближува до зградата во која удри, а потоа експлодира и испраќа облак црн чад.

Во тоа време во фабриката работеа најмалку 200 луѓе. Портпаролот на полицијата во Фулертон изјави дека се уште не е познато дали загинатите се во авионот или на земјата. Од повредените, 10 се пренесени во болница, а на осуммина им била укажана лекарска помош на местото на настанот.