Масовна тепачка избувна денеска во Парламентот на Турција на седницата за која се расправаше за воената офанзива во Сирија.
Инцидентот се случи за време на изјавата на опозицискиот пратеник, кој претходно го обвини претседателот Реџеп Таип Ердоган за презир кон војниците убиени во Сирија.
Тој оцени дека испраќањето трупи во областа на конфликтот без воздушна поддршка е неодговорно однесување на Претседателот.
Поради ова Обвинителството започна истрага за навреда на претседателот.
