ВИДЕО: Двајца лекари и техничар загинаа на патот Прилеп – Битола

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тешка несреќа утрово на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп, по што и двете се запалиле.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот.

Три лица од возилото „тојота“ се загинати. Се работи за двајца лекари и еден техничар од приватна болница во Битола.

Магистралниот пат се уште е затворен за сообраќај, а увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител.

Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.

„Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп – Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии“, изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.