ВИДЕО: Црногорската телевизија прикажа сцени од видео игра додека известуваше за Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во БОРБАТА за гледачи, телевизиските куќи посегнуваат по различни методи, а Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ) дошла до сосема иновативна идеја.

На RTCG, за време на известувањето за актуелната ситуација во Украина, на државната телевизија беше прикажано видео од игра. Видеото набрзо се појави на Твитер, каде стана вирално.

„И гледате што прави RTCG, покрај милион снимки од Украина, користат видео од игра хахаахахаха. Иако ништо чудно од новото раководство“, стои во описот на снимката која наиде на бројни коментари. Оваа бизарна ситуација насмеа многумина со оглед на тоа дека се работи за државна телевизија на една држава.