Веднаш по веста за неколкукратното убиство во селото Дубона, во близина на Младеновац, ТВ21 се упати кон местото на настанот.
Според информациите кои ги дознавме на терен, убиството почнало во селото, таму се убиени 3 лица, а потоа во близина на фудбалското игралиште убиени се 5 лица, еден успеал да се спаси.
Цела ноќ се трагаше по убиецот на крајот е уапсен во селото каде што живеела неговата мајка. Ова масовно убиство доаѓа само 48 часа после убиството во основно училиште во Белград каде загинаа осум ученици и домарот во училиштето.
ТВ21 беше единствен медиум од Македонија кој известуваше од двата случаи во Србија, кои ја потресоа светската јавност.
