ВИДЕО: Ураганот Хелена направи пустош во САД, загинаа најмалку 90 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Смртниот биланс на ураганот Хелена кој ги погоди Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, изнесува 90 лица. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми, со оглед дека неколку лица се пријавени како исчезнати и се трага по нив.

На југоистиокот на САД почнаа големи активности за чистење и обнова на шетите од силниот ветер, дожд и надојдена вода од ураганот.

Штетите се проценуваат од 15 до над 100 милијарди долари.

Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.

-Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата