ВИДЕО: Во Италија се запали мотор на авион – патниците итно евакуирани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Патниците се евакуирани од авионот на Рајанер чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.

Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на Рајанер со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.