ВИДЕО: Во Македонија се експериментирало на живи луѓе заразени со Ковид кои потоа умирале!? Интрa-хоспиталните инфекции не се пријавувале!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Документарецот насловен „Нечиста крв“, објавен од страна на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) и МРТВ крена голема „прашина“ во јавноста.

Се работи за документарец во кој се претставени судбини на семејства кои во екот на ковид пандемијата се лекувале во една од најголемите приватни клиники во Македонија.

Според документарецот на ИРЛ, во Македонија се правеле експерименти врз живи луѓе заразени со коронавирус. А интерхоспиталните инфекции не се пријавувале кај надлежните

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори (но и клиники) во државата – д-р Жан Митрев.

Истражувањата се базираат на 24 пријави од страна на граѓани од Северна Македонија и Косово, а истите биле истражувани речиси две години.

Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контраверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ.

Од Клиниката „Жан Митрев“ се јавија и со реакција по повод објавениот документарец.

Од таму велат дека болницата успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во неколку случаи.

„Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот Ковид-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи“, велат од Жан Митрев.

Тие додаваат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нив, како и од неточните наводи, односно фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност на работата на болницата.

„Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на Клиничката болница Жан Митрев, каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев.“, велат тие.

Според нив, изнесените невистини квалификации пласирани од одредени медиуми деновиве се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на болницата, а истите се и вознемирувачки и за пациентите.