Двајцата пилоти загинаа во авионската несреќа во Граф Игнатиево, откако воен авион се урна денеска. Ова го потврдија премиерот Димитар Главчев и министерот за одбрана Атанас Запријанов.
„Авионот полетал технички исправен и со направен ремонт. Не можеме повеќе да коментираме затоа што се прибираат докази“, изјави министерот за одбрана.
Загинатите пилоти се на возраст од 51 и 28 години.
Летот бил како подготовка за утрешниот аеромитинг, кој е откажан поради оваа трагедија.
„Тоа беа одлични пилоти со одлична обука“, изјави командатот на воздухопловните сили генерал-мајор Димитар Петров.
