Гостин во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21 беше младиот и талентиран Виктор Апостоловски.
Во емисијата тој се пофали дека уште од сега крои планови за идната година, а додаде дека и минатата година истото го правел, но поради новонастанатата ситуација сето тоа паднало во вода.
„Бев примен на германскиот натпревар „The voice“ каде требаше да се појавам, бев примен на еден американски натпревар што го организираа продуцентите на Ријана и Дрејк, прв пат во Париз требаше да се одржи. Свирки еден тон Барселона, Милано, Келн, Прага, па на Иос требаше цело лето да бидам, така направив милион планови и на крајот си останав дома“, изјави Апостоловски.
Во продолжение дознајте повеќе за мултиталентот од Битола:
