Доктор Злате Мехмедовиќ во „Клик Плус“ смета дека сега е пикот на вирусот, но дека нема толку страв како што било тоа кога СЗО прогласило пандемија, или кога сме го имале првиот случај на Ковид-19.
Тој се сомнева дека ќе има втор бран на вирусот.
Исто така рече дека вирусот во изминатиот период го губеше својот интензитет.
„Ќе зборуваме за тоа каков ќе биде втор бран, дали воопшто можеме да зборуваме. Но стравот како живеевме во изминатиот период, сметам дека го губеше интензитетот, и сега мислам дека сме на еден пик од кризата, и стравот е значително помал од оној ден кога СЗО прогласи пандемија, или од денот кога имавме прв случај“, рече Злате Мехмедовиќ.
Целата изјава низ видео:
