Вирусот на Западен Нил пристигна и во Македонија – случаи потврдени во пет европски земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вирусот на Западен Нил почна брзо да се шири во неколку европски земји. Според последните податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, случаи се потврдени во Италија, Грција, Шпанија, Романија и Македонија.

Италија има најголем број заболени, со случаи регистрирани во 16 различни области. Во меѓувреме, во Грција се евидентирани 21 заразено лице, од кои кај повеќето има зафатеност на централниот нервен систем.

Грчките власти информираат дека 13 пациенти се хоспитализирани, но за среќа досега нема регистрирана ниту една жртва. Поради временските услови и присуството на комарци, експертите очекуваат бројот на заразени да се зголемува во текот на летото.

Европскиот центар за здравје започна со објавување неделни извештаи за следење на текот на инфекцијата.

Здравствените власти ги повикуваат граѓаните да преземат лични заштитни мерки, бидејќи невозможно е да се предвиди кои области следни ќе бидат погодени. Лекарите потсетуваат дека заштитата од убоди од комарци останува главната мерка за спречување на заразување со вирусот.