Висока делегација на Советот на НАТО, предводена од заменикот-секретар Мирчеа Џоана ќе престојува денеска во официјална посета на Косово.
Според соопштението на Алијансата, што го пренесоа косовските медиуми, делегацијата ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со претседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Горан Ракиќ.
Џоана и другите членови на делегацијата, составена од амбасадори на сојузниците и партнерите на КФОР, ќе се сретнат и со командантот на таа меѓународна воена мисија, генерал Ференц Кајари, како и со шефовите на другите меѓународни мисии во Косово, односно на ЕУ, ЕУЛЕКС, ОБСЕ и УНМИК.