Вистински херои: Кучиња ги спасија своите сопственици од под лавина во Швајцарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица кои биле погодени од лавина во Швајцарија во саботата, биле спасени од страна на нивните кучиња, кои го привлекле вниманието на групата пешаци со своето лаење, пренесува Гардијан.

Несреќата се случила во саботата попладне на југозападот на земјата, во близина на границата со Италија.

„Нивните кучиња, кои лавината не успеа да ги закопа, силно лаеа и го привлекоа вниманието на пешаците кои беа во истата долина, но доста далеку и не ја забележаа лавината“, објави брзата помош.

Околу 15-20 минути после тоа, група пешаци дошла кај нив, каде што забележале рака на едното лице, додека другото било целосно под снегот.

Наскоро успеале да ги извлечат. За среќа, тие не претрпеле сериозни повреди и имале лесна хипотермија. Брза помош ги однела со хеликоптер во болницата.