Витаминот Д и омега-3 помагаат кај старите лица против корона-зараза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

202 казнети возачи во Скопје – 22 користеле мобилен, 17 биле без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само...

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО – оштетен буџетот за 22.215.675 денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење...

358 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита...

Најмалку 13 загинати во два бомбашки напади во Багдад

Два самоубиствени бомби во денеска наутро го потресоа фреквентниот пазар во центарот на Багдад, при што загинаа најмалку 13...

Санкционирани 86 возачи во Кавадарци и Неготино – 42 од нив поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.01) полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа зајакната...

 Редовното внесување на витамин Д и омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирусот. Ова, според неодамнешно истражување на Универзитетот на Цирих, Швајцарија.

Овие додатоци може да се најдат, на пр., во рибиното масло. Научниот труд посочува дека земањето на такви намирници значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, човекот има многу поголеми шанси за закрепнување.

Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна оти земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе.

– Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, помнење и моторни функции, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е Ковид-19, вели професорот.

Во испитувањата се вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години. Околу 11 насто од нив беа поотпорни на инфекции.