Марјан Витановски, бранителот на Љупчо Палевски првоосомничен за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, денеска во изјава за медиумите истакна дека мајката на девојчето Зорица Ѓорчевска при своето сведочење во судот истакнала дека не познава ниту еден од обвинетите.
Според него, таа ниту пак посочила дека се сомнева дека нејзиниот сопруг имал контакт со Палевски.
„За мене како бранител на Палчо мислам дека истата во својот исказ не посочи дека ги знае, не познава ниту еден од обвинетите, ниту посочи односно пред судот не кажа дека се сомнева дека нејзиниот сопруг имал било каков контакт со Палевски“, вели Витановски.
Според него, Ана Киркова – ќерка на Жежоски, како и нејзиниот сопруг посочила за недоразбирање меѓу нејзиниот татко и Велибор Манев.
„Не знае за било какви недоразбирања и за било какво познанство со некој од обвинетите конкретно со Палевски… Единствено дадоа изјава во насока на тоа дека Панче имал недоразбирање со обвинетиот Велибор Манев по однос на преземени дејствија“, додава тој.
