Вицепремиерот Маричиќ не успеа да стане пратеник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бојан Маричиќ од СДСМ не успеа да стане пратеник. Вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда беше четврти на листата на СДСМ во Изборната единица 1, а од таму СДСМ доби само три пратеника.

Носител на листата беше Димитар Ковачевски, втора Моника Зајкова од ЛДП, а Даниела Николова трета. Маричиќ беше број 4, и нема место за него во Собранието.

СДСМ освои вкупно 18 мандати, најмалку во историјата на партијата на парламентарните избори.