Низ улиците на Скопје на 4 октомври ќе се одржи Виз Ер Скопски маратон 2026. За 22. издание на скопскиот маратон пријавени се повеќе од 15.000 учесници од 63 земји.
Подготовките за големиот спортски настан се при крај и организаторите очекуваат в недела се да помине во најдобар ред. Почетокот на трката в недела ќе биде во 8 часот. Натпреварувачите ќе се тркаат во четири категории:
Маратон – 42 километри, Полумаратон – 21 км, Штафетен маратон, вкупно 42 км и трка на 5 км. Годинава во главната трка се пријавени 800 тркачи, од македонските најголем фаворит е минатогодишниот победник Дарио Ивановски. За полумаратонот се пријавени околу 3.000 тркачи.
