Визбегово со години бара училиште – Царовска: Кога ќе се исполнат условите, ќе почне изградбата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Асфалтирањето на патот кој води до местото каде што треба да се гради училиштето во Визбегово, ги израдува жителите. Ова им даде уште поголема надеж дека ќе добијат училиште.
Но, сепак нивните очекувања сѐ уште не станаа реалност, бидејќи патот не е асфалтиран до парцелата каде што треба да се гради објектот.

-Демотивирани сме веќе две години, секојпат кога доаѓаат нѐ лажат. Доаѓаат само кога има избори, доаѓаат и ветуваат нешто, но ништо не прават“.

Локалните мештани со години бараат да добијат училиште, бидејќи децата наставата ја следат во училиштата во Чаир, а во недостиг на превоз, до таму ги носат родителите.

-Првиот месец имаа проблеми, ги носеа родителите кои беа слободни. Моето семејство организираше и јас ги носам децата до училиштето „Адем Јашари“ бидејќи немаат превоз“

Веќе две години се одолговлекува постапката за изградба на училиштен објект. Ја прашавме министерката за образование, Мила Царовска, која кусо одговори дека кога ќе бидат создадени условите, тогаш ќе почне изградбата на училиштето, но без да нагласи кои услови треба да се исполнат.

Иако министерката не откри многу детали, од општина Бутел велат дека ги завршиле сите нивни обврски во однос на документацијата и дека минатиот месец го известиле ресорното министерство.