Владата бара да се запре уривањето на стадионот во Тетово и да се поднесат кривични пријави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово немала право да ја предаде сопственоста на стадионот во Тетово на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, пишува Владата во испратеното соопштение попладнево до медиумите по одржувањето на владината седница.

„Надлежност да дава на трајно користење и да утврдува престанок на корисничко право, има само Владата на Република Северна Македонија“, велат од Влада.

Од таму додаваат дека ќе испратат известување за итно општината да престане со уривање на стадионот, а Уставниот суд по итна постапка да се произнесе по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста.

„Владата заклучи и да се разгледаат правни основи, согласно Кривичниот законик, за покренување соодветна пријава до надлежните органи, во врска со овој случај“, велат од Влада.

Инаку со одлука на Владата стадионот од 2015 година е предаден на трајно користење без надоместок на општина Тетово.