Портпаролот на Владата на официјалниот профил на Твитер објави дека на денешната седница на Владата бил разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски поради неговото непрофесионално однесување
„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување.
Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“, пишуваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
