Владата го разреши Стојко Пауновски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата денеска на седница донесе одлука да се разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, дознава ТВ21.

Претходно премиерот Зоран Заев истакна дека на состанокот со инспекторите денеска ги слушнал аргументите, и истите ќе бидат презентирани во Владата, каде ќе се донесе одлука за Пауновски.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.