Владата донесе одлука: На плажа и во вода ќе мора да држете дистанца 1,5 – 2 метри

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на Македонија денеска на 76-тата седница ги усвои протоколите коишто се предложени од Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на работата на базените и плажите во тек на пандемија со коронавирус.

Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.