Владата донесе одлука – полициски час од полноќ, угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.