Владата ќе купува 100 нови амбулантни возила за 461 милиони денари!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека на седница на Влада донесени се две важни одлуки со кои директно го подобруваат функционирањето на јавното здравство во државата.

„100 нови амбулантни возила со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата

Со оваа одлука обезбедуваме средства за набавка на 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 461.250.000 денари, со преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години. Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини.

Продолжување на постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Земјиштето на паркинг просторот ќе се запише во сопственост на Република Северна Македонија, со што се отстранува административната пречка за потпишување на договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“. Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред. Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните.

Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“, вели Алиу.