-Не планирам…што реков, не планирам утре да се пензионирам и да одам на патување во странски земји или паркови, но планирам да придонесам во општеството, рече меѓу другото министерот за здравство во заминување, Азир Алиу.
Алиу рече дека по 10 години, време е да се промени политиката во земјата.
„Кога влегов во политиката пред 10 години, влегов за да помогнам во политичките процеси. Сега, по 10 години, со големо политичко искуство, сум тука да ја променам политиката и креирањето политики во државата. И верувам во ова со мојата работа и во претходното министерство и во ова министерство, покажав дека можеме да бидеме различни како политичари“, рече Алиу.
