Владата му препорача на ЈО итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како дополнување на заклучоците и препораките од 19-тата седница, Владата на Република Северна Македонија упатува препорака до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, и другите надлежни државни институции.