Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на Косово ја одобри нацрт-стратегијата за борба против дрогата за периодот од 2024 до 2028 година и ја забрани употребата на социјалната мрежа ТикТок во јавните институции.

Заменик-министерот за внатрешни работи Бардил Добра изјави дека целта на забраната за користење на TikTok во јавните институции е да се спречат сајбер напади, пренесе RTK2.

Тој објасни дека сите јавни институции се обврзани да ги воведат потребните технички ограничувања за да се спречи користењето на социјалната мрежа ТикТок и дека на јавните службеници им е забранет пристап до мрежата преку нивните службени телефони.

„Таа мерка е превентивна. Сите европски земји презедоа слични чекори. Сакаме да имаме превентивни мерки и да не дојдеме во ситуација да имаме напади и потоа да се справуваме со последиците. Дозволено е користење на лични уреди, но не и на државната мрежа во работно време“, рече Добра.