Владата на Косово вчера била осветлена со боите на хрватското знаме каде пишувало „Благодарам Хрватска“.
Ова осветлување доаѓа како благодарност до Хрватска која што им помогна на повредените косовски државјани кои доживеаа страшна сообраќајна несреќа кај Славонски Брод.
Во оваа собраќајна незгода загинаа 10 лица, а патувале од Германија за Косово.
