Владата обезбедува фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Владата обедбедува фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години 

„Во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата. Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме за да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија да и го продолжите животот на Македонија. Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеам Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја,  тоа е нашиот сон.  За тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот“, вели Мицкоски.