Владата објави антикризен пакет од 350 милиони евра, по 3000 денари во наредните 4 месеци за социјални семејства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

42.000 граѓани ќе добијат по 3.000 денари во наредните 4 месеци од Владата за соочување со економската криза. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски на презентацијата на антикризните мерки подготвени за социјалните семејства. Ковачевски најави дека Владата издвоила 350 милиони евра за мерки за енергетска и економска криза.

Во антикризниот пакет се вклучени и пензионерите.

Помош за покривање на трошоците за струја ќе добијат и фирмите со ниски примања.На 4 илјади граѓани ќе им се помогне да платат струја, додека фирмите ќе бидат ослободени од ДДВ за увоз на гас. За земјоделците се доделени 52 милиони евра.