„Срамота”, „лопови“, „ќе одговарате“, се дел од зборовите кои ги употребил лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во пораките до генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Од владата велат дека ова е обид на Мицкоски да врши притисок врз институциите во време кога се борат против Ковид-19 и во обид да ги вратат сите македонски граѓани во татковината. На интернет страницата ги објави и постапките како се прави тоа.
1. Од земјите од кои доаѓаат нашите сограѓани до Северна Македонија ги реализира авио компанијата Визер, компанија избрана по критериумот најниска цена, а пријавена на јавните повици на Владата.
2.Секој македонски граѓанин кој се враќа во нашата земја со превозот кој го организира Владата има обврска самостојно да го плати авионскиот лет, при што вкупната цена на чартер летот која изнесува околу 32.000 евра се дели со бројот на патници сместени во авионот. За пример, цена на летот од Минхен до Скопје изнесуваше околу 190 евра по патник.
3. При слетување на аеродромот во Скопје, за граѓаните е организиран автобуски превоз од овластен автобуски превозник избран на јавен повик, со автобуси кои ги дезинфицира сертифицирана компанија. На повикот за оператор кој ќе обезбеди автобуски превоз за граѓаните од аеродромот до државните карантини, единствен понудувач беше компанијата “Вардар експрес“.
4. Македонските граѓани сместени во државни карантини ги користат капацитетите на објекти/хотели кои се пријавиле на јавниот повик на Владата. Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла.
Откако беше објавен разговорот, Мицкоски се огласи на неговиот Фејсбук профил.
„Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство. Доказите со кои располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот “трас-трас” воспоставен од Зоран Заев…“, истакна Христијан Мицкоски.
Владата го повикува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски внимателно да ги погледне презентираните факти, да престане да врши како што велат притисок врз институциите,
Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската, велат од владата. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата.
