Владата ги усвои измените и дополнувањата за предлог Законот за минерални сировини. Законот пред извесно време беше во собраниска процедура, но беше повлечен од Министерството за економија заради доработка, со што се направени неколку измени и подобрувања главно од аспект на зачување на животната средина.
„Важно е да се истакне дека токму овие подобрувања се во правец на животната средина и со определбите на владата за зелената агенда која се однесува на заштита на животната средина и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните“, посочи Крешник Бектеши.
Измените за минерални сировини ги зголемуваат и ингеренциите на инспекторатите и општините.
„Главните измени се однесуваат на зголемување на ингеренциите и на инспекторатите и на општините во делот на раскинување договори и концесии кои не работат врз основа на договорот врз чија основа ја добиле концесијата било за неметални сировини или за метални“, додаде Крешник Бектеши.
Концесионерите кои доставиле елаборати и проекти во рамки на Министерството за економија треба да ги почитуваат правилата, во спротивно ќе име се раскине договорот.
