Властите на Литванија не открија саботажа во падот на авионот во ноември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истрагата за падот на товарниот авион на ДХЛ, кој се урна во ноември при приближување кон аеродромот во Вилнус, не откри индиции дека на него било направено нешто неовластено, соопшти денеска Министерството за правда на Литванија.

Во соопштението на тоа министерство се наведува дека по прелиминарна анализа на уредот за снимање податоци од летот и диктафон во пилотската кабина на Боингот 737, како и преглед на доказите од местото на несреќата, „не се пронајдени знаци на неовластено мешање“, објави АП.

Боинг 737, кој беше дел од флотата на Swiftair со седиште во Мадрид, имаше 31 година.