„Властите ни ги блокираат проектите“ – Етеми: Има што чекаат дозвола и по 5-10 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претприемачите се жалат за постапките ки траат предолго за градежна дозвола. Сопственикот и генерален директор на ЗСФ КОМ, Фатмир Етеми, на првата конференција за недвижности, организирана во земјава, истакна дека властите ги блокираат нивните проекти. Според него, во многу земји има на сила урбанистички планови но луѓето не земаат градежни дозволи, додавајќи дека чекаат по 5 до 10 години. Етеми испрати јасна порака до властите порачувајќи им да се разбудат!

-Испраќаме порака бидејќи и цените не оптоваруваат со дополнителни трошоци, бидејќи постапките за добивање градежна дозвола и процедурите за нов ДУП траат со години, да не речам дека има ДУП кои траат 5-10 години додека се донесат. Не знам зошто политичките партии кандидираат советници низ општините кога 4 години ниеден ДУП не е донесен. Овој феномен е особено присутен последниве години, еден период имавме погрешни политики, носење мораториуми, политички одлуки-рече Етеми.

Поплаки упати и архитектот на проектот ГРАНД Скопје и косопственик на RADIUS ARCHITECTS, Мартин Пановски. Според него, недостига поврзаност меѓу инвеститорите и владата на РСМ.

Членот на Управниот одбор на АД Фабрика Карпош, Александар Стефанов откри дека воведува новост во градењето. Рече дека станува збор за смарт апартмани во кои жителите се ќе можат да контролираат преку мобилен телефон.

На кои комерцијални категории ќе им се посвети внимание, како да се мотивираат инвеститорите и што треба да направиме за развој на нашиот пазар, се само некои од прашањата кои беа третирани на првата конференција за недвижности организирана во нашата земја.