ВЛЕН: Али, немој да се двоумиш и да се плашиш, бидејќи нема што да изгубиш

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ВЛЕН се огласија со соопштение, и побараа одново одговори од Али Ахмети за причините за вклучувањето за враќање на Никола Груевски во Скопје.

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мегдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го
прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите
вистини излегуваат на виделина!

Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со
факти! Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, изговор за
прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола
Груевски.

Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те
поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа
што ја водиш само за да го вратиш пријателот Греувски во Скопје.
Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски
дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. A одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али
Ахмети.

ВЛЕН продолжува јавно да ги прашува ДУИ и Али Ахмети: Зошто сета оваа
носталгија за Груевски? Што ве спојува?

Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа
беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во
опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава?

Али, немој да се двоумиш и не се плаши бидејќи немаш што повеќе да
изгубиш!“, велат од ВЛЕН.