Во Домот на културата во Тетово се одржа Основачкото собрание на ВЛЕН, каде што раководството на партијата оцени дека ова претставува важен чекор во процесот на обединување и консолидација на политичкиот субјект, пренесува ТВ21. Од Собранието беше испратена порака дека ВЛЕН влегува во нова фаза на функционирање со посилна организација и зголемен ангажман за одговор на потребите на граѓаните на централно и локално ниво.
Копретседателите Билал Касами и Изет Меџити нагласија дека ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко организирање.
„Денес преземаме уште еден важен чекор во историскиот пат кон обединување и консолидација на ВЛЕН“, изјави Касами.
„Ова Основачко собрание претставува следен чекор кон консолидацијата и зајакнувањето на ВЛЕН како политички субјект на Албанците“, изјави Меџити.
