ВЛЕН: СДСМ се однесува како „второ лице“ на ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЛЕН кажа дека целосно стои зад претседателот на Собранието Африм Гаши, кој според нив постапува во рамки на уставните надлежности и собранискиот деловник со цел да се избегне институционална блокада на државата.

ВЛЕН ги обвинува Социјалдемократите, во обид да ја врати изгубената доверба кај граѓаните, секојдневно создава нови политички противници и применува блокирачки пристап кон државните процеси.

ВЛЕН додава дека нема да дозволи, како што велат, политички опструкции кои им штетат на граѓаните и на функционирањето на државата, а истовремено ја повикува СДСМ да ѝ одговори на јавноста дали се претвора во „второто лице на ДУИ“.