ВМРО-ДПМНЕ: Еко Клуб од Владата на Заев добила над 60 тендери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска рече дека спорната фирма Еко Клуб, со оваа влада предводена од СДСМ добила над 60 тендери. ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод нападите од страна на СДСМ дека зад Еко Клуб стои ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот претседател на партијата Никола Груевски.

„СДСМ и Заев обидувајќи се фирмата ЕКО КЛУБ Битола и целиот скандал да го префрлат на штета на ВМРО-ДПМНЕ, испадна дека истата таа фирма ЕКО КЛУБ Битола земала милионски суми тендери од Владата на СДСМ.

Само последната година над 60-тина договори за тендери земала фирмата ЕКО КЛУБ Битола од државата и институциите во вредност од над 130 милиони денари.

ЈП за државни патишта, министерството за одбрана, министерството за здравство и многу други институции биле дел од институциите кои доделувале тендери на фирмата ЕКО КЛУБ Битола.

И малите деца знаат дека не смее тендер да биде доделен без да знае Заев или некој од СДСМ. Сите знаат дека во владеењето на СДСМ однапред се знае секој тендер на која фирма ќе биде доделен.

Каде е одговорноста на Заев и функционерите на СДСМ што при вакви наводни докази за криминал, даваат тендери на истата таа фирма која ја обвинуваат за сериозна вмешаност во криминал со труењето на граѓаните?“, прашува Арсовски.