ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема да стане лидер со лидерска, туку ако му каже доста на својот стопан Заев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тезата на СДСМ дека ако нема лидерска нема да се збори за безбедноста и мирот, е погрешна.

„Филипче лидер нема да стане со лидерска средба и на тој начин да стекне авторитет. Филипче лидер ќе стане доколку на неговиот стопан Заев му каже доста, наместо да подголтнува и се потресува како сега.

Меѓудругото е интересно што и овој пат, СДС и ДУИ имаат иста теза“, порачаа од партијата.